Децата до 14 години ќе бидат лишени од социјалните мрежи

Сенаторот Руслан Гатаров предложи да се забрани слободната регистрација во социјалните мрежи за децата помлади од 14 години.

Сенаторот Руслан Гатаров предложи да се забрани слободната регистрација во социјалните мрежи за децата помлади од 14 години.

Гатаров појасни дека во Русија може да биде искористено искуството од САД, каде децата не можат да се регистрираат во социјалните мрежи без дозвола на нивните родители. Иницијативата на сенаторот ја поддржаа и други претставници во Думата.

Во најголемите руски социјални мрежи веќе постојат различни механизми со кои може да се ограничи пристапот на децата, или барем да се дистанцираат од негативното влијание. Некои од мерките вклучуваат ограничување на можноста за комуникација на децата со други, постари лица, како и исклучување на профилите на помладите корисници од резултатите при пребарувањето.

Најпопуларната социјална мрежа во Русија, „Вконтакте“, нема да им дозволи на корисниците помлади од 14 години да се регистрираат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња