Зголемувањето на бројот на војници кои служат по договор нема да доведе до укинување на регрутацијата

Сѐ повеќе заинтересирани да служат по договор во армијата на Русија.

До 2017 година Министерството за одбрана планира да го доведе бројот на војници кои служат по договор до околу 425.000 луѓе. Тоа се практично две третини од неопходниот број војници кои служат во регуларната армија.

Минатата година стана пресудна за оние кои сакаат да служат во руската армија по договор. Од 1 јануари 2012 година Министерството за одбрана на Русија ги зголеми платите на војниците кои служат по договор до 75.000 денари (со вклучени дополнителни исплати за служба во посебни услови). Таквата плата дополнително го популаризира служењето во армијата по договор.

Освен тоа, на секој војник, наместо касарна, му се предлага двособен стан. Ако порано војникот немал право да замине без дозвола од командирот, сега тоа може да го направи слободно после завршетокот на работниот ден (доколку нема воена подготовка). Војниците кои служат по договор имаат можност да добијат и високо образование, што е предвидено од раководството на армијата како стимул за кариерниот раст. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.