Членовите на организациониот комитет за празнување на 20-годишнината од прифаќањето на Уставот накратко раскажаа за тоа како да се направи овој јубилеј празник за секој граѓанин на Русија.
„Уставот - тоа е ликот кој сакаме да ѝ го дадеме на иднината, забележува еден од авторите на Уставот - Сергеј Шахрај, може да се каже дека пред дваесет години, Уставот беше понапред од нивото на развој на општеството“. Сепак, за 20 години Основниот Закон на Русија веќе успеа да ја измени средината и општественото мислење околу себе. „Како прво, Уставот не е само текст, туку е серија решенија на Уставниот суд, а исто така и пакет на федерални уставни закони и редица договори. Второ - во Русија секогаш постоела традиција - нов лидер - значи, нов Устав. Со овој устав таа традиција конечно престана“, додаде Шахрај.
Во врска со овој празник, во Русија се планирани 49 настани. Планирани се и посети на странски гости, како и издавање на неколку монографии.
Уставот на Руската Федерација е донесен на 12 декември 1993 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче