Позитивното трговско салдо на Руската Федерација за периодот јануари-февруари се намали до 31,4 милијарди долари од 41 милијарда долари во истиот период минатата година, изјави заменик министерот за економски развој, Андреј Клепач. Според ова, трговскиот суфицит е намален за 23,4% на годишно ниво.
„Увозот во февруари изнесувал 26,3 милијарди долари, а за јануари и февруари - 47,6 милијарди долари. Извозот изнесува 79 милијарди долари за периодот јануари-февруари“, додаде Клепач.
Тој исто така додаде дека ситуацијата со трговското салдо традиционално ќе почне да се подобрува од март и април.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче