Мадона - нелегален гастарбајтер во Русија?

Министерството за култура на Русија може да ја казни Мадона со околу 20.000 евра поради организиран концерт без дозвола од миграциската служба.

Министерството за култура на Русија може да ја казни Мадона со околу 20.000 евра поради организиран концерт без дозвола од миграциската служба.

Министерството за надворешни работи призна дека визата која ја добила Мадона кога влегла во Русија во август 2012 година ѝ дава право да учествува само на некомерцијални концерти.

Мадона минатата година одржа неколку концерти во Русија. За време на концертот во Санкт Петербург таа јавно ги поддржа сексуалните малцинства и групата Pussy Riot.

Визата што ја добила Мадона важела само за „културни врски“ - вид на виза која им се дава на странците кои доаѓаат во Русија за учество на некомерцијални уметнички манифестации или за културна соработка. Ако дејноста на странскиот граѓанин вклучува добивање профит - тој треба да довие од миграциската служба на Русија дозвола за работна дејност, т.е. да добие обична работна виза.

Според ова, МНР потврди дека Мадона вршела во Русија незаконска претприемачка дејност, бидејќи нејзината виза не ѝ давала право да заработува во Русија.

За ова нарушување ќе одговара или пејачката, или организацијата која се занимавала со визните прашања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.