Во Русија вчера се одбележа Денот на единиците на противвоздушната одбрана

Во Русија секоја година во втората недела од април се одбележува Денот на единиците на противвоздушната одбрана. Во 2013 година овој празник се одбележа на 14 април.

Во Русија секоја година во втората недела од април се одбележува Денот на единиците на противвоздушната одбрана. Во 2013 година овој празник се одбележа на 14 април.

Основањето на ПВО единиците е поврзано со борбената употреба на авијацијата за време на Првата светска војна, кога во Русија се појави противавионската артилерија. Тогаш заради заштита на големите градови почнаа да се формираат специјални одреди на воени авиони, а организирана е и служба за воздушно надгледување и известување.

Со указ на претседателот на Русија, на 16 јули 1997 година, ПВО единиците како род во вооружените сили се расформирани. Со истиот указ Ракетните единици за стратешки намени, Воено-космичките сили и единиците на Ракетно-космичката одбрана биле обединети, а Воената авијација и ПВО единиците - во една единствена Воена авијација.

Денес ПВО единиците се опремени со најсовремено вооружување и воена техника. После 2015 во наоружувањето на ПВО единиците ќе влезе и најновиот противавионски ракетен систем „Витез“ и С-500. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња