Руски ентузијасти со помошта на НАСА на површината на Марс ја пронајдоа старата советска сонда „Марс-3“.
Објектот е многу сличен со советската меѓупланетарна станица, пронајдена во декември 2012 на снимките на MRO (Mars Reconnaissance Orbiter). Виталиј Егоров, кој го откри овој објект, стапи во контакт со Александар Базилевски, професор на Институтот за геохемија и аналитичка хемија „Вернадски“. Со посредувањето на професорот НАСА на 10 март годинава направи нови снимки со помош на MRO.
„Снимките на површината на Марс се достапни секому. Мене тоа ми беше интересно и сакав самиот да покажам дека на Марс може да истражува секој. Треба само малку да се потрудите и да имате пристап кон Интернет“, изјави Егоров.
Автоматската меѓупланетарна станица „Марс-3“ е лансирана на 29 мај 1971 година, а на 2 декември успешно слета на површината на црвената планета. Сондата почна да емитува информации, но после 14 секунди врската прекинала.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче