Вчера во Москва беше откриен споменик во чест на композиторот и диригент, автор на руската државна химна - Александар Александров.
На церемонијата дојдоа министерот за одбрана на Русија, генерали и офицери, како и претставници од државната и градската администрација.
Шојгу во поздравниот говор забележа дека државата треба да се гордее со такви луѓе. „Песните на Александров звучат не само на спортските натпревари, туку и на сите активности во кои учествуваат вооружените сили“, изјави шефот на руското министерство за одбрана, додавајќи дека е искрено благодарен на сите дојдени за отворањето на споменикот.
Во саботата се одбележаа 130 години од раѓањето на Александар Александров. Во 1943 година тој ја напишал мелодијата која за една година стана официјална химна на ССР, а од 2000 година - на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче