Путин предложи да се создаде министерство за вселена

Претседателот на Русија, Владимир Путин го замоли вицепремиерот „уште еднаш да размисли“ околу создавањето на министерство за вселената. Ова го пренесува РИА Новости.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го замоли вицепремиерот „уште еднаш да размисли“ околу создавањето на министерство за вселената. Ова го пренесува РИА Новости.

Претходно шефот на Роскосмос, Владимир Поповкин, го побара зголемување на бројноста на соработниците во Роскосмос, зголемување на нивната плата до министерската и воведување на 50% додаток на платата за оние кои се занимаваат со работа во вселенската индустрија и администрација.

Роскосмос во 1991 година, кога беше создаден, вклучувал четири претпријатија и 250 соработници. Денес, според Поповкин, во агенцијата се вклучени 93 претпријатија и 191 соработник.

Доколку биде создадено министерство за вселена, тоа би било создадено врз основа на руската вселенска агенција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.