Министерството за надворешни работи на Русија објави во саботата одговор на „списокот Магнитски“, во кој се наоѓаат личности вмешани во легализацијата на малтретирањето на затворениците и затворањето на луѓето во специјалниот затвор Гвантанамо на неопределен рок, како и апсење и киднапирање на руски граѓани во трети држави, изјави прес-службата на руското Министерство за надворешни рабори.
„Војната со списоци не е избор, но не можеме да стоиме и да не одговориме на отворената уцена. Крајно време е политичарите во Вашингтон да сфатат дека нема перспективи за градење на односи со една таква земја каква што е Русија во духот на менторството и неприкриениот диктат“, изјави официјалниот претставник на МНР на Русија, Александар Лукашевич.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче