Соработката во освојувањето на вселената ги приближува Русија и Италија од научен и технички аспект, изјави италијанскиот астронаут Паоло Несполи. „Пред две години, кога цел свет ја прославуваше 50-годишнината на летот на Јуриј Гагарин, имав среќа да работам на Меѓународната вселенска станица“, изјави астронаутот. „Се надевам дека соработката меѓу Русија и Италија во освојувањето на космосот ќе продолжи“, додаде тој.
На 28 април од Бајконур кон Меѓународната вселенска станица ќе полета италијанецот Лука Пермитано, кој ќе работи на вселенската станица цели 6 месеци. А летот на првата жена астронаут - Саманта Кристоферети - се очекува кон крајот на 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче