СЦИОН: во Русија паѓа темпото на купување нови автомобили, виновни се високите цени

Намалувањето на бројот на сопственици на автомобили во Русија е забележано за време на годишното истражување на СЦИОМ.

Намалувањето на бројот на сопственици на автомобили во Русија е забележано за време на годишното истражување на СЦИОМ (Серускиот центар за изучување на општественото мислење), посветено на основните тенденции на пазарот на автомобили во Русија.

Според анкетата, во 2006 година 37% од анектираните лица изјавиле дека имаат автомобил (еден или повеќе) во семејството, додека во 2012 година, 47% изјавиле дека имаат автомобил. Граѓаните кои сакаат да купат автомобил планираат најчесто да го сторат истото преку кредит. 54% од испитаниците изјавиле дека имаат автомобил произведен во странство, додека 48% изјавиле дека поседуваат руски автомобил. Бројот на странски автомобили е далеку повисок во Москва и Санкт Петербург (72%).

Сепак, во Русија паѓа темпото на купување нови автомобили. Бројот на граѓани кои се решиле да купат автомобил со свои, насобрани средства, падна од 37% на 32%.

Средниот буџет кој се изделува за купување автомобил изнесува 14.122 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.