Русија се измори од Путин

Повеќе од 50% од Русите би сакале во 2018 година претседател на стане некој друг политичар. Тоа не е признак на незадоволство од претседателот, туку „измореност“ од истите лица на политичката сцена.

Повеќе од 50% од Русите би сакале во 2018 година претседател на стане некој друг политичар. Тоа не е признак на незадоволство од претседателот, туку „измореност“ од истите лица на политичката сцена.

Само 22% од жителите на Русија би сакале во 2018 година Владимир Путин да биде повторно избран за претседател на Русија, се наведува во резултатите од анкетата на Левада-центар (анектирани се 1.601 човек во 130 населени места).

55% од жителите на Русија би сакале за 5 години некој друг да видат во претседателската фотелја, а само 8% би сакале тоа да биде сегашниот премиер Дмитриј Медведев.

Во општеството расте желбата да се појави нов човек на политичката сцена, појаснува заменикот директор на Левада-центар, Алексеј Гражданкин. Не е важно дали е комунист или либерал – доволно е само да е нов.

И покрај ова, дејноста на Путин ја одобрува мнозинството во Русија, иако се забележува „измореност“ од неговото претседателствување. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња