Владата на Руската Федерација ја разгледува можноста за дополнителна продажба во 2013 година на пакет акции од пет големи компании, вклучувајќи ја и „Роснефт“, соопшти министерот за економски развој на Руската Федерација, Андреј Белоусов.
Во оваа година возможна е продажба на околу 19% од акциите на „Роснефт“, изјави министерот. Исто така, владата ја разгледува можноста за продажба на дел од акциите на „Аерофлот“, аеродромот Шереметјево и „Ростелеком“.
„На седницата на владата се појави прашањето за забрзување на процесот на приватизацијата на големите фирми, изјави Белоусов.
Да потсетиме дека до 2016 година државата планира да се повлече од најголемите руски компании и банки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче