МВР: во Москва стотици возачи користат фалсификувани возачки дозволи

Нелегален бизнис со фалсификувани возачки дозволи.

Полицијата ги завршува претресите кај четворица инспектори за кои се сомнева дека незаконски издавале фалсификувани возачки дозволи на стотици московски возачи, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на информации од прес-конференцијата на МВР на Русија.

На едно од местата каде е извршен претрес, полицијата нашла компјутерска програма која осомничените ја користеле за криминалната дејност, забележано е на прес-конференцијата во МВР.

Освен тоа, кај еден од осомничените се најдени материјали за изработка на возачки дозволи, како и 50.000 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња