Денот на космонаутиката Владимир Путин го помина на најновиот руски космодром

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го посети Далечниот Исток на Русија, каде ја оцени изградбата на космодромот „Восточни“ во Амурската област.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го посети Далечниот Исток на Русија, каде ја оцени изградбата на космодромот „Восточни“ во Амурската област.

Космодромот „Восточни“ се предвидува за лансирање на автоматски и пилотирани космички апарати за различна намена. Изградбата на космодромот започна во средината ан 2012 година, а првото лансирање на ракета-носач е планирано за 2015 година, додека првото лансирање на пилотиран брод – во 2018 година.

Космодромот ќе се состои од десет технички станици каде ќе има повеќе од 400 објекти, меѓу нив и комплекс за лансирање на ракети-носачи од средна класа, кислородно-азотна фабрика, фабрика за водород, систем за електрично снабдување, како и 115 км автомобилски и 125 километри железнички патишта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња