Властите на Финска случајно го внеле рускиот претседател во списокот на барани престапници

Владимир Путин со иронија реагираше на појавувањето на неговото име во списокот на лица кои ги бара финската полиција.

Владимир Путин со иронија реагираше на појавувањето на неговото име во списокот на лица кои ги бара финската полиција. Москва не планира да изразува незадоволство или друг вид одговор за случката, забележа портпаролот на Путин, Дмитриј Песков. Официјалните лица во Финска веќе изјавија дека името на рускиот претседател се нашол во списокот случајно, а грешката е веќе поправена.

Доколку Владимир Путин ја преминал границата со Финска, теоретски него би можеле да го уапсат.

„Јас не сметам дека ова бара некаков одговор. Колку што знаеме, финската страна самата навреме го поправи овој пропуст“, изјави Дмитриј Песков.

Како што изјавија финските медиуми, името на Путин се нашло во црниот список поради неговите врски со еден од најголемите руски моторџиски клубови „Ноќни волци“. Путин неколку пати ги има посетувано нив, а на минатиот роденден тие му подариле на Путин елек со грбот на Русија и со натпис „претседател на Русија“ со стилизиран волк на градите.

Од своја страна, раководителот на финската полиција, Микко Паатеро, изјави во интервју за ИТАР-ТАСС дека инцидентот се случил поради грешка, и изрази „длабоко жалење поради случката“.

Клубот „Ноќни волци“ е создаден во 1989 година од Александар Залдостанов, кој носи прекар „Хирург“. Овој клуб брои околу 5.000 членови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња