Русија е подготвена да произведува лиценцирано оружје заедно со Бразил, не само во сферата на противвоздушната одбрана, туку и во воено-воздушната и воено-морската сфера, изјави началникот на „Рособоронекспорт“, Сергеј Ладигин.
Тој потврди дека Бразил е заинтересиран за купување на руските средства за ПВО „Панцир-С1“ и „Игла-С“. Веќе се завршени преговори за запознавање на бразилските специјалисти со воените комплекси за кои тие се заинтересирани.
Исто така, кажано е дека двете држави се подготвени да работат заедно и врз други, поголеми проекти во воената сфера.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.