Владата на Јужна Кореја се обрати до Русија и Кина со молба за помош. Од Русија и Кина се очекува да влијаат на Северна Кореја и да се воздржи земјата од понатамошно заострување на кризата на Корејскиот полуостров. Во Сеул веруваат дека Москва и Пекинг се доволно влијателни за да можат да го смират својот сосед.
„Интензивно соработувајќи со Русија и Кина, владата на Јужна Кореја и понатаму се обидува да ја убеди Северна Кореја да го промени својот став“, изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Јун Бјонгсе. Тој го пофали единството на меѓународната заедница и напорите за надминување на кризата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче