Русија го изгради најголемиот дигитален полигон на светот

Министерството за одбрана на Русија го изгради најголемиот дигитален полигон на светот.

Министерството за одбрана на Русија го изгради најголемиот дигитален полигон на светот. Тој се наоѓа во Нужегородската област, недалеку од местото Мулино и има површина од 100.000 хектари. На 2014 на овој полигон истовремено ќе поминат обука до 4.500 луѓе.

Екипажите на борбените возила и летала ќе се обучуваат на физички симулатори во кои во целост се симулира внатрешноста и командата на тенковите, оклопните транспортери, артилериското вооружување и хеликоптери. Доколку е потребно, на електронските симулатори ќе може да се поврзи и вистинска воена опрема. Во секој случај, тимската обука може да се комбинира со практично усовршување на операциите со посебни воени формации.

Благодарејќи на тродимензионалните дигитални карти и симулатори, на полигонот се создава виртуелно воено поле, на кое се симулираат специфични услови на теренот во разни земји ширум светот. На тој начин руските војници можат да ја усовршуваат борбата во пустина, на планини, како и пробивање низ шуми.

Првата воена вежба на полигонот Мулино треба да започне есенва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња