12 април - Денот на космонаутиката

Денес е празник во Русија. На денешен ден за прв пат човекот ја освои вселената.

На 12 април 1961 година, од космодромот Бајконур беше лансирана ракетата со првиот човек во вселената. Земјата успешно ја обиколи и се врати Јуриј Гагарин. Во Русија на овој ден се одржуваат различни манифестации, започнувајќи со организираните активности на иницијативните групи на Јуриј Гагарин, Валентина Терешкова, а завршува денот со детските празници во Московскиот Планетариум, каде децата можат да се сретнат со космонаутите и да дознаат како работи вселенската станица, што е тоа црна дупка и како се движат планетите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња