Во Русија ќе се појави уште една авиокомпанија за евтини летови

Можност за Македонците за помалку пари да ја посетат Русија.

Во Русија својот бизнис ќе го прошири компанијата Wizz Air, која е веќе позната и во Македонија. Таа ќе создаде во Русија ќерка-компанија Wizz Air Russia, а летовите планирано е да започнат за една година.

Според податоците на „Ведомости“, во моментов компанијата преговара московските аеродроми. Воздушниот парк на компанијата се состои од Airbus авиони. Компанијата е создадена пред 10 години, а неодамна почна со летови и во Македонија.

Од останатите авиокомпании кои нудат евтини авиобилети, во Русија работи само EasyJet.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња