Србија наскоро ќе ја добие првата рата од рускиот кредит во износ од 300 милиони долари. Вкупната вредност на заемот изнесува 500 милиони долари, изјави за новинарите министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.
Во септември 2012 година Србија побара од Русија кредит за покривање на буџетскиот дефицит. Првобитно беше предвидено Русија да даде една милијарда долари, меѓутоа поради добрите буџетски политики во Србија, сумата е намалена до 500 милиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче