Повеќето Руси повеќе ги обеспокојува платата, отколку слободата на изразување

Граѓаните сметаат дека главен заштитник на нивните права е претседателот на земјата.

Најважно за Русите, особено за луѓето во возраст, е правото на бесплатна медицинска помош. Правото на слобода за собирање и слобода на изразување најмалку ги обеспокојува граѓаните на Русија. До овој заклучок дојдоа експертите од Фондот „Општествено мислење“, анализирајќи ги резултатите од социолошката анкета, извршена во март оваа година.

Во анкетата учествувале 1.500 лица - жители на 100 градови и села во 43 субјекти на Руската Федерација.

Повеќе од 70% од Русите сметаат дека бесплатната медицина е најважното право на човекот.

После здравствената заштита следуваа правото за работа и соодветна плата за трудот (57%) и правото за бесплатно образование (54%).

Притоа, 21% од Русите изјавиле дека во последниве две години се нарушувале нивните права или правата на членовите од семејството. 63% од испитаниците сметаат дека правата на човекот во Русија не се почитуваат.

За средната класа во Русија најважни се демократските вредности, плуралистичкото општество, фер избори, како и можноста за остварување на јавна политичка дејност.

Одговарајќи на прашањето кој најмногу ги заштитува правата на човекот во Русија - 25% изјавиле дека тоа е претседателот на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња