Грузија ќе започне со извоз на зеленчук, овошје и мед во Русија

Грузија ќе започне со извоз во Русија на зеленчук, овошје и мед кон крајот на мај, соопшти во Тбилиси началникот на фитосанитарната управа во Националната агенција за земјоделски производи на Грузија, Зураб Липартија.

„Во следниов период треба да се усогласат сите потребни технички процедури за почеток на извозот на грузиската агро-продукција во Русија. Останува да обезбедиме сертификати за руската страна“, додаде Липартија.

Односите меѓу Русија и Грузија сѐ повеќе се затоплуваат после конфликтот во август 2008 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња