Во Санкт Петербург непознати лица украле регистарска табличка на секретарот во македонската амбасада во Русија

Соработник во македонската амбасада во Русија - жртва на кражба.

Секретарот на македонската амбасада во Русија стана жртва на кражба. Од неговиот автомобил непознати лица ја украле регистарската табличка. Секретарот во амбасадата на 6 април открил дека му недостасува регистарска табличка на неговиот „Фолксваген Голф“.

Жртвата на кражбата веќе се обрати во локалната руска полиција за повторно издавање на регистарската табличка.

Казната за кражба на регистарски таблички во Русија изнесува две години затвор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња