Решението за создавање на супертешка ракета во Русија ќе биде донесено во следниве неколку дена, изјави во вторникот на прес-конференцијата во Москва претседателот на Ракетно-космичката корпорација „Енергија“, Виталиј Лопота.
„Програмата за праќање екипаж до Месечината е возможна кога ќе постои ракета-носач со тежина од 70 тони. Тогаш ние ќе можеме да се надеваме на балистичко прелетување околу Месечината, изјави Лопота. Бродот со кој треба да се изврши прелетувањето околу Месечината треба да тежи 20 тони. За да се долета до Месечината потребен е забрзувачки блок од 40 тони, а за да се врати назад бродот - уште 20 тони. Доколку сакаме да слетаме на Месечината - уште дополнителни 20-30 тони“, додаде Лопота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче