Патријархот Кирил го смета феминизмот за многу опасна појава

Патријархот Кирил даде мислење за феминизмот.

Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил, го смета феминизмот за опасна појава, бидејќи неговите поддржувачи ја игнорираат главната улога на жената - да биде жена и мајка. Притоа, патријархот на РПЦ не гледа ништо лошо во тоа жената да создава кариера, да се занимава со бизнис или политика - доколку одржува разумен баланс во животот.

„Самиот сметам дека феминизмот е опасна појава, бидејќи феминистичките организации пропагираат псевдослобода на жената, која пред сѐ е насочена и пројавена надвор од бракот и семејството. Во центарот на феминистичката идеологија не е семејството, воспитување на децата, туку други функции на жените кои се противположни на семејните вредности. Не е случајно тоа што повеќето лидери на феминизмот - се немажени жени“, изјави патријархот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња