Обвинителството на Холандија во вторникот покрена кривична пријава за П. Рејмон, поранешен соработник во министерството за надворешни работи на Холандија, кој е осомничен дека шпионирал во полза на Русија.
Доколку се докаже неговата вина, тој може да одлежи 15 години во затвор, соопштува холандскиот портал Dutch News.
Се претпоставува дека граѓанинот на Холандија седум години по ред им давал на граѓаните на Австрија - Андреас и Хајдрун Аншлаг - доверливи податоци, од кои некои биле обележани „строго доверливо“. Обвинителството смета дека брачниот пар Аншлаг веројатно работел за Службата за надворешно разузнавање на Русија. Овој брачен пар во 2011 година веќе се нашол пред суд во Австрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче