ФСКН: Косово - главен наркокластер во Европа

Косово е главен снабдувач на дрога во Европа.

Годишната трговија на авганистански хероин во Европа преку Косово изнесува 60 тони, а доходите од неговата продажба достигнуваат 3 милијарди евра. Ова го соопшти директорот на Федералната служба за контрола на наркотиците, Виктор Иванов за време на средбата со делегација од Република Србија.

„Во последниве 10 години Косово се претвори во наркокластер низ кој минуваат до 60 тони авганистански хероин, од кој се заработуваат по 3 милијарди евра - а тоа е два пати повеќе од БДП на Косово“, изјави Иванов.

Иванов додаде дека дури 70% од целиот хероин кој доаѓа во Европа доаѓа преку „косовскиот“ канал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња