Думата изгласа закон за навивачите на спортските натпревари

Думата во првото читање изгласа закон за регулирање на општествениот ред и безбедност за време на официјалните спортски натпревари.

Думата во првото читање изгласа закон за регулирање на општествениот ред и безбедност за време на официјалните спортски натпревари. Со ова се внесуваат измени во законот „За физичка култура и спорт“, со што се определуваат правилата за однесување за време на натпреварите.

Законот овозможува носење на безалкохолни пијалаци во пластични и книжни чашки, а исто така и јадење кое е купено во стадионот.

Исто така, се дозволува стоечко навивање, освен ако не се противат останатите навивачи; транспарентите со натписи на странски јазик треба да имаат заверен превод на нотар; големите знамиња можат да бидат искористени само на посебни места на стадионот; централните трибуни можат да бидат украсени со мали транспаренти и знамиња; се забранува покривање на целото лице; се забранува користење на било каква пиротехника.

Доколку се нарушат овие правила, на нарушителите ќе им се забрани влез на стадионите од еден месец до една година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.