Руските писатели повикуваат да се читаат легални електронски книги

Во Русија започна првата социјална кампања која е насочена кон мотивирање на граѓаните да користат лиценцирани електронски книги.

Во Русија започна првата социјална кампања која е насочена кон мотивирање на граѓаните да користат лиценцирани електронски книги.

И покрај тоа што Русија влегува во петте водечки земји според издавањето на книги и вкупниот тираж на испечатени книги (околу 500 милиони годишно) во последниве години во Русија се намали бројот на книжарници кои продаваат „хард-копи“ книги - продавањето на книги на тој начин стана непрофитабилен. Затоа, пак, пазарот на електронски книги во Русија во последниве години порасна за три пати, а според прогнозите на специјалистите, во 2013 година може да се појават повеќе од 30 милиони електронски текстови. Но недостатокот овде е во тоа што 9 од 10 симнати текстови од Интернет - се симнуваат незаконски.

Ова е и причината за појава на проектот „Читај легално“ во Русија. Целта на овој проект е да се популаризира и промени ситуацијата со електронското пиратство. Проектот веќе доби поддршка од основните играчи на пазарот, вклучувајќи ја и државата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња