Националниот руски интернет домен .RU одбележува 19 години од своето постоење. На овој ден во 1994 година беше регистриран овој интернет домен во меѓународната база на податоци на националните домени.
Администратор на националните домени .RU и .РФ денес е Координациониот центар за националните интернет-домени, создаден во 2001 година.
Денес во зоната .RU има регистрирано повеќе од 4.470.000 адреси. Рускиот сегмент на Интернет стана еден од најголемите во светот.
Пред неколку години се појави и првата кирилска зона .РФ, благодарејќи на што стана возможно да се пишуваат имињата на интернет-страниците и на руски јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче