РПЦ иницира програма за помош на емигрантите

Руската Православна Црква годинава планира во неколку региони на Русија да започне со реализација на програмата за помош при адаптација на емигрантите. Освен РПЦ, во овој проект учествува и Федералната миграциска служба на Русија.

Проектот носи име: „Образование: јазична и културна адаптација на емигрантите“. Основната цел на овој проект е да се создадат што е можно подобри услови за целосна социјална и културна адаптација на емигрантите. Главниот дел од проектот опфаќа организирање курсеви по руски јазик, на кој емигрантите ќе се запознаат со руската цивилизација и историја, вклучување на регионалните разлики. Исто така, преку овие курсеви посетителите ќе можат да се запознаат со најважните одредби на миграциските закони на Русија. Овој проект доби грант кој го доделува рускиот претседател. Сепак, најголемиот дел од проектот е финансиран од епархиите на РПЦ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња