Владимир Путин изјави сочувство до британскиот народ по повод смртта на Маргарет Тачер.
„Мислам дека изгубивме голем политичар, жал ми е поради тоа и во име на раководството на Русија сакам да изразам сочувство до британскиот народ и владата на Велика Британија“, изјави претседателот.
Според неговото мислење, Маргарет Тачер без било каков сомнеж беше една од највпечатливите политички фигури во современиот свет. Путин изјави дека лично ја познавал неа, и дека таа му оставила голем впечаток.
Претседателот, исто така изјави дека Маргарет Тачер во Русија ќе биде запаметена како личност која дала значителен допринос во развојот на дијалогот и заемните односи меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче