Владимир Путин изјави дека е известен дека членките на групата за заштита на правата на жените „Фемен“ планираат акција за време на саемот во Хановер. Путин напомна дека акцијата му се допаднала.
„Акцијата ми се допадна. Во суштина, знаевме дека се припрема нешто слично. Треба да им се заблагодарите на украинските девојки за дополнителната промоција на саемот“, изјави Путин на конференцијата за новинарите во Хановер.
Активистките за заштита на женските права „Фемен“ на 8 април на меѓународниот саем за техника и технологија во Хановер изведоа акција за време на заедничката посета на германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател.
Пробивајќи ја заштитната ограда, неколку до појас голи девојки извикале непристојни пароли на англиски јазик. Обезбедувањето веднаш реагирало.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче