Владата на Русија одобри финансиска помош за Србија

Руската влада го утврди проектот за давање на финансиски кредит на Србија за покривање на буџетскиот дефицит.

Руската влада го утврди проектот за давање на финансиски кредит на Србија за покривање на буџетскиот дефицит. Соодветниот документ е веќе објавен на официјалната страница на руската влада.

Молба за поддршка упати министерството за финансии и економија на Србија до Русија во септември 2012 година. На почетокот стана збор за давање на кредит во вредност од 1 милијарда долари. Сепак, во март годинава министерот за финансии и економија на Србија, Млаѓан Динкиќ изјави дека таа сума се намалила до 500 милиони долари. Динкиќ објасни дека ситуацијата со буџетот во Србија се подобрила.

Во јануари 2013 година министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов и неговиот српски колега Млаѓан Динкиќ веќе се договорија за извозен кредит за Србија во вредност од 800 милиони долари. За тие средства републиката ќе ги модернизира железниците во земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.