Неколку десетина илјади луѓе во целиот свет го проверуваат своите знаење на рускиот јазик, земајќи учество во годишната образовна акција „Тотален диктат“.
На 6 април диктатот го пишуваа на шест континенти, вклучувајќи го и Антарктикот. Според оценката на организаторите на акцијата, во неа зеле учество околу 30.000 луѓе од целата планета кои сакаат да го проверат нивото на познавање на рускиот јазик. Само во Русија диктатот се одржа во 120 градови. Во оваа акција се вклучени 181 град од целиот свет.
Меѓународната акција за популаризација на писменоста „Тотален диктат“ оваа година се одржа по десетти пат. Идејата беше предложена од студентите на Новосибирскиот државен универзитет во 2003 година и истата брзо доби светска популарност. Во 2012 година акцијата се одржа во 89 градови во Русија и во светот. Бројот на учесници тогаш достигна 14.500 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче