Рускиот претседател го критикува западниот банкарски систем

„Ситуацијата на Кипар им ја покажа на сите неизвесноста и несигурноста на влоговите во западните банки“, изјави Путин.

„Ситуацијата на Кипар им ја покажа на сите неизвесноста и несигурноста на влоговите во западните банки“, изјави Путин. „Колку повеќе ќе ги ’притискаат’ странските штедачи, толку подобро за нас, бидејќи инвеститорите ќе дојдат во нашите финансиски институции“, изјави Путин во интервјуто за германската АРД.

Тој призна дека своевремено многу руски инвеститори ги повлекоа своите средства и ги префрлија своите средства на други места поради несигурноста на руските банки. „Но додека траеше кризата од 2008 година, Русија го зајакна својот финансиски систем, и после тоа ниту една финансиска институција во Русија не доживеала крах“, додаде Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња