Јарославскиот камерен театар на 6 април настапи со претстава на Косово, и со самото тоа стана првиот руски театар кој во последниве години го посетил тој регион,
Театарот одржа и бесплатна детска претстава во Звечан. Претставниците на театарот им врачија писмо на локалните жители од администрацијата на Јарославската област со иницијатива за побратимување на двете области.
„Со оваа посета сакаме да ги поддржиме косовските Срби кои живеат во тешки времиња“, забележа еден од организаторите , Дмитриј Карабчуков.
Од 9 до 12 април Јарославскиот камерен театар ќе одржи претстави и во Белград.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче