Русија гради речна флота во Венецуела

Русија и Венецуела ја разгледуваат можноста за изградба на мали танкери и чамци на новото бродоградилиште на реката Ориноко.

Русија и Венецуела ја разгледуваат можноста за изградба на мали танкери и чамци на новото бродоградилиште на реката Ориноко, изјави министерот за индустрија и трговија на Русија, Денис Мантуров.

„После две и пол години истражување за тоа какви бродови треба да се градат, на сите им стана јасно дека тоа треба да бидат помали танкери и цела серија чамци“, изјави Мантуров на интервју за руска телевизија.

Обединетата корпорација за изградба на бродови во 2009 година потпиша договор со венецуелската фирма PDVSA Naval од Каракас во 2009, испраќајќи своите експерти во Венецуела да го разгледаат проектот за изградба на бродоградилиште на Ориноко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.