На Русија ѝ е потребна силна опозиција, смета претседателот Владимир Путин.
„Не само што ѝ е потребна, туку сметам дека без конкуренција во денешниот свет, како во економијата, така и во политиката - развојот не е возможен, а ние сакаме развој за нашата држава, за нашите луѓе“, одговори шефот на државата на прашање од германската телекомпанија АРД. Притоа, Путин подвлече дека тоа не значи дека опозицијата треба да се финансира од странство.
Според зборовите на шефот на државата, без таква конкуренција невозможно е создавање на ефективни и правилни решенија. Претседателот обрати внимание на донесените закони во Русија, кои ја олеснуваат регистрацијата на политички партии. „Така ќе биде и во иднина, ние ќе ја развиваме таа политика конкуренција“, вети Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче