Без „Сојуз“ нема одење во Вселената

Русија во наредните десетина години ќе остане единствена земја која може да пренесува екипаж на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Русија во наредните десетина години ќе остане единствена земја која може да пренесува екипаж на Меѓународната вселенска станица (МВС), им соопшти на новинарите шефот на вселенската програма при Роскосмос, Алексеј Краснов.

„Ние на оваа тема разговаравме во Бајконур со американските колеги. Тие кажуваат дека поради намалувањето на нивниот буџет, вселенските летала за превоз на екипаж на МВС ќе бидат подготвени за употреба многу покасно од планираното“, изјави Краснов.

Во моментов единствениот начин за превоз на екипаж на вселенската станица е рускиот „Сојуз“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.