Владимир Путин ги смета проверките на непрофитабилните организации за оправдани

Луѓето имаат право да знаат од каде се финансираат непрофитабилните организации.

Владимир Путин ги објасни причините за проверки на непрофитабилните организации во Русија. Во интервју за германскиот канал ARD, тој рече дека населението има право да знае од каде доаѓаат парите за овие организации. Исто така, Путин кажа дека во последниве 4 месеци, непрофитабилните организации во Русија добиле 1 милијарда долари од странство.

Само да потсетиме дека во Русија во последниве неколку недели се проверени повеќе од сто непрофитабилни организации.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња