Русија склучи нов договор за нафта со Венецуела

Русија и Венецуела со нов договор.

Парламентот на Венецуела го ратифицираше договорот за заедничко претпријатие на локалната нафтена државна корпорација со Роснефт.

Тоа претпријатие ќе работи на два блока во Карабобо во басенот на реката Ориноко. Уделот на руската компанија ќе изнесува 40%. Инвестициите во проектот ќе изнесуваат околу 15-16 милијарди долари. Тоа е доста висока сума, имајќи предвид дека е можна и идна политичка нестабилност, која дополнително може да влијае на исплатливоста на целиот проект. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.