Путин кажа со што ќе се занимава после заминувањето од политиката

Со што ќе се занимава Путин откако ќе ја напушти политиката?

Претседателот на Русија, Владимир Путин призна дека после заминување од политиката би сакал да се занимава со право и литература. Оваа изјава претседателот на Русија ја даде во интервју за германската ARD пред неговата посета во Германија.

„Јас сметам дека после завршувањето на мојот политички живот и државна дејност - ќе имам можност да се занимавам со други прашања и проблеми. Јас многу го сакам правото, ја сакам литературата, и сметам дека ќе можам да се занимавам со нив...“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња