Најголемата социјална мрежа во Источна Европа го оспорува решението на арбитражниот суд и не сака да компензира за неостварениот профит поради музиката на руската поп-пејачка MakSim, која се најде на оваа социјална мрежа.
Сопственикот на социјалната мрежа Вконтакте го оспорува решението на судот, кој бара компензација за 11-те песни на пејачката MakSim кои се најдоа во оваа социјална мрежа (судот бара компензација од 17.700 долари).
Вконтакте е социјална мрежа која е предвидена, пред сѐ, за оние кои го знаат рускиот јазик (неодамна таму отвори свој профил и Том Круз). Бројот на профили во 2012 година надмина 200 милиони. За разлика од Фејсбук, Вконтакте нуди многу повеќе: слушање музика, гледање филмови со добар квалитет, како и порнографија. Притоа, сите тие материјали не ги става Вконтакте, туку самите корисници, а раководството на социјалната мрежа формално нема никаков однос кон нелегалните содржини.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче