Германија останува главен трговски партнер на Русија во Европа. Трговската размена меѓу двете држави изнесува 74 милијарди долари и континуирано се зголемува, и покрај сите тешкотии. Ова го изјави претседателот на Русија во интервју за германската ARD пред посетата на Путин во Германија на 7-8 април.
Претседателот на Русија подвлече дека стоковната размена не е се само цифри, туку и работни места, „илјадници, ако не и десетици илјади работни места, доходи на вашите и наши граѓани“, зад тие цифри се кријат технологии кои ги разменуваат двете земји.
Путин исто така додаде дека Русија обезбедува 40% од гасот во земјата, како и 30% од нафтата. „Ние ја прошируваме нашата соработка во високотехнолошките области - во авијацијата, изградбата на машини, нанотехнологија и други области.
Германија во 2012 инвестирала во Русија 7,2 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче