Домените .москва и .дети добија дозвола од ICANN

Кирилските домени .москва и .дети успешно ја поминаа фазата за почетна оценка од страна на ICANN.

Кирилските домени .москва и .дети успешно ја поминаа фазата за почетна оценка од страна на ICANN, која се занимава со регулирање на Интернет, што значува дека овие два домена имаат дозвола за почеток на нивната работа.

Според информацијата од ICANN, количеството на барања за нови домени достигна 93. Меѓу нив има четири кирилски домени - .рус, .сайт, .ком и .онлайн.

Доменот .дети ќе стане интернет-средина адаптирана за детските интереси и спецификата во развојот кај раните адолесценти, а доменот .москва е оринетира за користење од страна на организациите и жителите на главниот град на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.