Работна група под раководство на сенаторот Руслан Гатаров подготви проект и стратегија за сајбер-безбедност во Русија до 2020 година. Во нив се набројани основните опасности кои можат да ги засегнат граѓаните, бизнисот и државата.
Стратегијата предвидува мониторинг за сајбер-напади и создавање на современи одговори на нив. за да се направи тоа, треба да се создаде државен центар за навремена реакција, кој ќе функционира деноноќно седум дена во неделата.
Според податоците на компанијата Zecurion, годишната штета од сајбер-нападите во Русија изнесува повеќе од 1 милијарда долари. Притоа, во 2012 година бројот на украдени парични средства со користење на компјутерски и телекомуникациски технологии - пораснал за 60%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче